Воочи: Програмата има две потпрограми (pocni и crtaj). Со потпрограмата pocni, се одредуваат координатите на глувчето според неговата позиција во моментот кога ќе се кликни на него. Со потпрограмата crtaj, се црта линија од почетната точка до друга точка каде што го придвижуваме глувчето. При тоа, ако кликниме и се движиме со левото копче од глувчето, се црта со зелена боја, а при клик на десното копче и движење на глувчето, се црта со сина боја.
Задача: Внеси ја програмата во Small Basic, изврши ја и пробај да црташ со притиснато лево иили десно копче. Ќе добиеш различни линии.
Обиди се да ставиш позадина на прозорчето и тоа, кога ќе црташ со левото копче, одбери жолта позадина, а кога ќе се црта со сина боја, одбери црвена позадина!

No comments:
Post a Comment